Секоја сезона во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, имаме прилика да гледаме разновидни македонски кандидати кои го покажуваат својот талент.
Некои имаат прилика да стигнат далеку, а некои испаѓаат уште во првиот круг.
Претходната сезона како добри и музички талентирани кандидати се покажаа Огнен Здравкоски и Мартинијан Кириловски кои испаднаа во петиот круг.
Меѓутоа, директорот на Гранд, Саша Поповиќ откри дека од новата сезона која започнува во септември ќе има многу промени, па кандидатите од претходната сезона кои стигнале до петиот круг ќе може повторно да учевствуваат.
https://www.youtube.com/watch?v=op5mU12WXh4
Мартинијан, откри дали повторно би се вратил во музичкото шоу и дали би си ги мерел музичките сили со кандидатите.
„Сега сум посветен на ангажманите кои ги имам. А за одлуката што ќе ја донесам за следната сезона ќе бидете благовремено информирани“, изјави пејачот за Кумановски муабети.
Инаку, ова не е првпат како Мартинијан настапува на музичкото шоу, па кој знае можеби кумановецот ќе има среќа и ако се појави во новата сезона ќе стигне далеку.
Претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“, победи охриѓанецот Ристе Ристески.