Радио Милева

Пресврт: Канје Вест јавно и се извини на Ким Кардашијан

Пресврт: Канје Вест јавно и се извини на Ким Кардашијан
фотојутјуб/принтскрин/канада

После сето она што тој го кажа за неа и нејзиното семејство, раперот Канје Вест јавно побара прошка од сопругата Ким Кардашијан, иако на Твитер, но потоа следуваше неочекуван пресврт!

Среде расправија со сопругата Ким Кардашијан и наводите за можен развод, раперот Канје Вест ја објави насловната за неговиот нов студиски албум „Донда“.

Покрај тоа, и после сè што се случи во претходните денови и за што пишувавме, раперот и се извини и на Ким Кардашијан на Твитер. И потоа следеше неочекуван пресврт на настаните.

“Би сакал да и се извинам на мојата сопруга Ким за излегување во јавноста со нешто што е приватна работа. Не ја покрив како што таа ме покрива мене. Ким, сакам да кажам дека знам дека те повредив. Те молам прости ми. Благодарам што секогаш беше тука за мене “, напиша Канје.
Сепак, следбениците на Канје мислат дека ова не е неговиот твит.

Нивните теории на заговор одат дотаму што мислат дека ова го напишалаКим, која го зела телефонот на раперот и се извинила кон себе во свое име.

„Тој е веројатно под лекови и спие, а Ким го зеде телефонот“, „Сега знаеме кој ги носи пантолоните“, се само некои од коментарите на објавата на Канје.

фото:принтскрин/твитер

Потсетиме, пред да побара прошка од Ким, претходно, раперот напиша дека неговата сопруга се обидела да го затвори, со помош на неговиот психијатар, по неговиот скандалозен предизборен митинг во Каролина, со кој ја објави својата кандидатура за претстојните претседателски избори во Соединетите држави.

Останати вести од Радио Милева