Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба денес важи за една од поуспешните пејачки, а неодамна го издаде својот прв албум „Нов свет“.
Лоба често е активна на социјалните мрежи каде што објавува фотографиии од своите активности, ангажмани, настапи, а некогаш знае да сподели и фотографија од своите почетоци или од своето детство.
Изминатиот период на интернет владееше нов тренд т.н „10yearschallange“ каде што треба да споделите фотографија од вас пред 10 години и фотографија од 2019 година.
Многу јавни личности го прифатија овој предизвик, па покажаа колку се промениле од 2009 година.
И Викторија беше една од нив и на „Инстаграм“ објави фотка пред 10 години.

Меѓутоа, Лоба не само што се потсети на 2009 година, туку во својот албум најде и фотографија пред 20 години која ја сподели на „Инстаграм стори“.
Преслатко русокосо девојче. Вака изгледаше Лоба на 10 години.
