Таа важи за една од најубавите и најатрактивните водителки во земјава, а кога не е на талевизија, Милена Антовска-Станковска, одлично се снаоѓа и во улога на модел.
Најчесто тоа го прави на социјалните мрежи, секојдневно предложувајќи им на дамите модна комбинација што ја има на себе.
Нема ден да помине, а Милена да ја нема на Инстаграм, а овој пат сакаше да објави нешто поразлично, веројатно евоцирајќи спомени од детството.
Имено, таа покажа фотографија на која е малечко девојченце со фризура со шишки, баш кави што направи неодамна.
Дали би ја препознале оваа слатка мала дама?