Шестиот филм на режисерот Милчо Манчевски насловен „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот.
Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство.