На 07-ми мај 2021 во Драмски театар – Скопје својата пемиера ќе ја доживее монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ Пројковска, по мотив од романот „Пет часа со Марио“.
Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, а преводот е на Ненад Велковски. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Раде Василев, а композитор на музиката Горан Трајковски.Инспициент ќе биде Гоце Бојчев.
„Нам жените ни се допаѓаат мажи со поголема решителност, да го браните тоа што е ваше. Зарем не се прави тоа и за татковината. Татковината и жената се територии кои треба крвнички да се бранат…„ – е пораката која наместо покана ви ја праќа актерката, а ваше е навреме да обезбедите можност ја погледнете преставата.