Мегафон

Премиера на евровизиската песна на Тамара во понеделник на 4 март

Премиера на евровизиската песна на Тамара во понеделник на 4 март

Закажана е премиерата на евровизиската песна со која Тамара Тодевска ќе нè претставува во Тел Авив, а како звучи темата насловена „Proud“ ќе дознаеме в понеделник, на 4 март. Како што пренесува „Нова Македонија“, евровизискиот тим работи на целосно осмислен концепт, како цел пакет што ќе ѝ биде понуден на евровизиската публика.

Пејачката неодамна објави долго писмо на социјалните мрежи, објаснувајќи ја приказната што ќе ја раскаже со „Proud“.

„За мене Евровизија отсекогаш претставувала прифаќање на различното, пркосење на правилата и прифаќање на себеси, баш онаков каков што си. Евровизија е таа една вечер во годината кога публиката во целиот континент се собира на едно место за да ја прослави посебноста, храброста и вербата во себе! Тоа е местото кадешто да се биде различен значи да се биде ГОРД на себеси…  Затоа, на 16 мај, ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16 мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека СЕ ГОРДЕАМ СО СЕБЕ е секогаш посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР/А! СЕКОГАШ ќе бидете доволно добри! Се гледаме во Тел Авив!“, напиша Тамара.

Како што е познато, автори на песната се едни од најдобрите композитори во Македонија и регионот – Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров, најпознат по книгата „Се гледаме на врвот“.

 

To top