Радио Милева горда на минатото

„Прекрасни спомени од нашето детство“: Илина Арсова благодарна за сѐ што доживеала како дете (фото)

„Прекрасни спомени од нашето детство“:  Илина Арсова благодарна за сѐ што доживеала како дете  (фото)

Македонската ликовна уметница, скијачка и планинарка, Илина Арсова замина преку океанот, доби професорска стипендија и одлучи таму да гради кариера оставајќи ја љубовната врска со Игор Џамбазов според едни на „стенд бај“м, според други во спомените и сеќавањата.

На нејзиниот Инстаграм профил повеќе нема нови видео разговори со Џамбазов, па сега на социјалните мрежи доминираат видеата со кои таа ги мотивира сите нејзини фанови кои и се восхитуваат и посакуваат да имаа совршена линија како нејзината.

Но, овој пат Илина објави емотивни спомени од детството и младоста за кои како што вели ја потсетила нејзината сестра Борјана.

На фотографиите може да се забележи дека нејзиниот аватуристички дух бил отсекогаш присутен, а љубовта кон природата ја има уште од младоста.

Со неа , Илина вели имале детство на кое таа е толку горда што посакува секое дете да има слични искуства како тие што таа ги доживеала.

„Сестра ми ме потсети на некои прекрасни спомени од нашата младост и детство (ѕирнете ги постерите на ѕидот ). Сепак, сакав само да кажам колку сум благодарна за сето тоа и посакувам секое дете во светот да има можност и да доживее слично искувство“ – напиша таа во описот на фотографиите.

Илина за објавата доби многу лајкови, а меѓу првите беше и оној на Игор  кој неодамна прв изјави дека единствена причина за разделбата е  далечината која на крај успеа да ја победи нивната голема љубов. Или како што вели песната: „Туѓината пуста да остане, таа од либето ме разадели…“!

Фото: Принтскрин/Инстагарам/Илина Арсова

 

To top