Радио Милева Се' поблиски

Прегрната со идната свекрва и золва: Анастасија Ражнатовиќ отпатува во Шпанија каде се зближи со семејството на новото момче (фото)

Прегрната со идната свекрва и золва: Анастасија Ражнатовиќ отпатува во Шпанија каде се зближи со семејството на новото момче (фото)

Деновиве доста актуелна тема во регионалните медиуми е новата љубовна романса на ќерката на пејачката Цеца Ражнатовиќ и нејзина наследничка, Анастасија. Иако многу брзо по раскинувањњто на петгодишната врска се впушти во нова, таа нема проблем да покажува дека и е баш добро со новото момче.

Пејачката Анастасија е во врска со фудбалерот Немања Гудељ, поради што замина во Севиља каде што тој игра, а од Шпанија не престанува да објавува фотографии и видеа на својот Инстаграм.

 

Анастасија не ја крие врската со спортистот, па секојдневно објавува фотографии со членовите на неговото семејство.

Друштво ѝ прави и сестра му Вања, а сега таа се пофали со видео од забавата со свекрвата – Оливера Гудељ,потоа следеше и видео каде се заедно на трибините.

Анастасија сподели видео на Инстаграм со неговата мајка и сестра од забава и покажа како се забавуваат и прегрнуваат.

 

Јасно е дека Анастасија е се поблиска со членовите од семејсвото на новото момче.
Медиумитешпекулираат дека мајката на Анастасија, Цеца ќе го запознае младиот фудбалер за Велигден, кога Немања и Таса планираат да дојдат во Србија.

To top