Сузана Гавазова заедно со нејзиното семејство односно сопругот Јасмин и ќеркичките живееше во Шведска, но фолкерата се врати во Македонија која многу и недостигаше.
Уште додека со сопругот и децата живееше во странство, таа за медиумите изјавуваше дека не се навикнала да живее таму и дека посакува да си се врати во својата татковина.
Откако е во Македонија, Суза постојано работи на музичка кариера, а ни коронавирусот не ја спречи пејачката да ја издаде својата нова песна „Прстен несуден“.
https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/suzana-gavazova-novata-godina-ja-zapochna-so-prsten-nesuden-video/
Таа е доста активна на социјалните мрежи, па често ги информира своите следбеници за нејзините новитети или пак знае да почести со некоја секси и провокативна фотографија на која собира голем број на лајкови.
Меѓутоа, деновиве Сузе го покажа нејзиниот луксузен дом.
Имено, пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од нејзиниот дом кој е уреден луксузно и по нејзин вкус, а во кој преовладувата боја.
„Домче мило домче“ напиша пејачката на фотографија на која нејзините ќерки позираат од дневната состојба.
Ќе се согласите дека домот на Сузе изгледа префинето и со вкус.