Мегафон

Предновогодишен „анплагд“ концерт на „Љубојна“

Предновогодишен „анплагд“ концерт на „Љубојна“

На 22 декември “Љубојна” ќе има прв акустичен концерт пред македонската публика. Концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет, со почеток од 19:30 часот.

“Ова е вистинска можност за публиката во една уникатна атмосфера да ги слушне сите големи хитови на групата. Акустичното е за душа, акустичното е за мерак!”, велат од “Љубојна”.

“Со ова ќе одбележиме 18 години од формирањето на бендот”, велат тие. Билетите се веќе пуштени во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на kupikartizase.

To top