Кампањата насловена „woman supporting woman“ ги полни профилите на Инстаграм. Измининатите неколку дена сигурно сте забележале црно-бели фотографии од жени, повеќето познати, но и непознати.
Сите вакви фотографии кои сте ги виделе, е поддршката која жените си ја даваат една на друга.
„Го сакам овој едноставен начин за издигнување една на друга, благодарам што ме номинираше, напиша моделот Синди Крафорд.
Примесата на „предизвикот е прифатен“ трендот е тоа што овие фотографии ја промовираат моќта на жените, а со номинирањето една со друга си даваат меѓусебна поддршка.
Досега 4 милиони фотографии се аплодирани со хаштагот # ChallengeAccepted#, но уште многу повеќе се појавија и без истиот.
Многу од познатите дами во светот го прифатија предизвикот, објавија своја црно-бела фотографија, но исто така ги номинираа своите колешки и пријателки. Меѓу нив беа: Клои Кардашијан, Кери Вашингтон, Џенифер Гарнер, Кристен Бел, Ева Лонгорија, кои помогнаа оваа кампања да се рашири.
И нашите познати Македонки се во чекор со она што го прават познатите припаднички на понежниот пол.
Па така, меѓусебно почнаа да се предизвикуваат: Тамара Тодевска, Лила Филиповска, Катарина Ивановска, Тијана Дапчевиќ, Јелена Јованова, Викторија Лоба…
Во продолжение погледнете го моќниот женски црно бел свет на нашите дами:
View this post on Instagram