Турбулентните односи во семејството Ѓогани не престануваат да ја интригираат јавноста.
Во реланото шоу „Задруга“ каде што учесници се Анабела, Гаги Ѓогани, Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ постојано откриваат нови детали од нивниот приватен живот.
Меѓутоа, Луна по влегувањет во „Задруга“ не е добри односи со нејзиниот татко Ѓогани.
Како што пишува „Ало.рс“, главна причина за нивниот конфлит е една случка која се случила пред влегувањето на Гаги во реалното шоу.
Имено, наводно Луна дознала дека нејзиниот татко се дрогира, а дури еднаш го фатила како конзумира наркотици во неговиот стан.
„Луна од своите пријатели слушна дека Гаги купува дрога и дека повторно ја конзумира. Таа беше шокирана со ова сознание, па кога го праша дали тоа е точно, тој негираше и настана кавга“ вели извор за „Ало“ и додава:
„За да не прави уште поголем хаос во семејството, таа одлучи да не кажува на никој. Но, вистинските проблеми се случија кога таа изненадно се појави во неговиот стан и на масата забележа остатоци од бел прав. Гаги се правдаше дека истурил шеќер во прав, па и порача на Луна да заборави на ситуацијата и на тоа дека повторно конзумира дрога“ вели изворот.
„Таа одлучи да го намали контактот со него, но не сакаше да и каже на Анабела. Кога влезе во „Задруга“ му се заблагодари на поддршката за нејзината врска со Марко, но не му прости“ тврди изворот.
Дека ситуацијата е сериозна потврди и Ермина која на Марко Ѓедовиќ му ги раскажа сите детали за кавгата на Луна и Гаги.
„Не се блиски како порано. Луна го фатила Гаги како повторно се дрогира“ изјави Ермина.