Радио Милева
Никогаш не му било потешко

Пред свршен чин: Џехва му поставила ултиматум на момчето, па ако не го направи ова никогаш повеќе нема да ја види (фото)

Пред свршен чин: Џехва му поставила ултиматум на момчето, па ако не го направи ова никогаш повеќе нема да ја види (фото)

Пејачката Теодора Џехверовиќ неодамна жестоко се скарала со нејзиното момче, кошаркарот Нино Челебиќ, па сега веќе со денови не комуницираат.

Тешко им е поради се што си кажале, но сè уште не е на повидок помирување.

– Теодора и Нино одамна не функционираат  како порано, а при последната тепачка од нив ечеше цела зграда! Бесна е што тој се повеќе и се меша во работата, па не може да работи како порано, а отежнувачка околност е што често се разделуваат поради обврските – наведува изворот.

– Таа му постави ултиматум. Му рекла дека ако сака да бидат заедно, нема да прифати ништо помалку од брак. Тие се долго време заедно и не разбира зошто да не бидат маж и жена. Изведен е пред свршен чин – додал изворот близок до Џехверовиќ, па ако не го исполни барањето таа ќе си замине…

– Останува да размисли што ќе прави. Никогаш не му било потешко, тој е приврзан за Теодора, но во напад на бес таа му кажала многу грди работи. Тешко му е да го преболи тоа. Уште не се ни гледа себеси во брак – заклучува истиот соговорник, а што на крајот ќе се случи со нив ќе покаже времето.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева