Филмот „Нешто слатко“ премиера имаше во саботата, 06 мај 2023 год. во Скопје во киното „Синеплекс“ во Сити Мол, на која присуствуваа мноштво актери, познати личности од естрадниот и јавниот живот и секако бројните медиуми и нивните новинарски екипи.
Сашко Коцев и Јелена Јованова како главни ликови во ова романтична комедија пред премиерата се фотографираа и даваа изјави и интервјуа за различни медиуми.
Во еден момент додека Јелена даваше видеоизјава за еден од македонските портали пред големиот рекламен билборд , Коцев се шеткаше зад нејзиниот грби лево-десно…
За да си ја разбие монотонијата, а и да ја направи зтмосферата поинтересна, додека неговата колешка одговоараше на прашањата на новинарката, „вицкастиот кумановац“ со скопска адреса на живеење почна да и прави разни фаци, да изведува различни гестикулации на секој нејзин изустен збор, на секој кажан одговор…
Во прв момент актерката тоа не го забележуваше, ама затоа камерата бележеше се’… Сепак кога Коцев и пријде преблизу, Јелена ја сфати „пантомимата на нејзина сметка“ со која е опсипана од колегата во заднина.
И додека „бившиот стендап Бубамара водител“ Сашко Коцев се’ уште не беше „излетал од кадар во кој го р’чкаше мачево“, малку фалеше да си го „окрка“ пред камери од „Јелена од Драчево“, како што актерката е позната по својата „епска улога“ во мегапопуларниот ситком, ТВ серијалот „Преспав“.
Се разбира сето тоа на шега и зафрканција која изгледаше толку слатко, колку за лабаво опуштање пред скопската премиера на „Нешто слатко“… Каков беше моментот и атмосферата, погледнете во видеото во продолжение кое го улови камерата…
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм принтскрин/reporter.mk