Радио Милева наследничка на тато

Пред неколку месеци стана татко по третпат: Прва фотографија од четиримесечната ќерка на шеф Никола од „Брза кујна“

Пред неколку месеци стана татко по третпат: Прва фотографија од четиримесечната ќерка на шеф Никола од „Брза кујна“

Готвачот Никола Мишковски или познат како шеф Никола имаме прилика секој ден да го гледаме во кулинарското шоу  „Брза кујна“.

Никола заедно со неговиот колега шеф Марк подготвуваат разни специјалитети пред ТВ екраните и тоа за 20 минути.

Кога станува збор за неговиот приватен живот, готвачот е во брак со Стефанија Мишковска.

Никола и Стефанија на почетокот на месец јули станаа родители за вторпат, односно Никола стана татко по третпат.

Парот пред неколку месеци ја добија својата втора ќерка, а тогаш радосниот татко се огласи на социјалните мрежи:

„„На свет ни дојде уште една мала принцеза. Фала ти Стефанија што ми го направи животот толку среќен и исполнет животот. Ве сакам“, напиша тој покрај објавата во која откри дека пристигнало девојче.

Никола од „Брза кујна“ стана татко по трет пат: „Фала ти што животот ми го направи исполнет и среќен“ (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Готвачот ретко на социјалните мрежи споделува фотографии од приватниот живот.

Меѓутоа, овој пат неговата сопруга Стефанија ја објави првата фотографија од нивната четиримесечна ќерка. На објавата малото бебе позира до нејзината поголема сестричка Дарија која неодамна наполни две години.

„Најсреќна сум кога сум веднаш до тебе“, напиша сопругата на готвачот покрај фотографијата со двете наследнички.

Инаку, Никола од првиот го има синот Дарин.

фото: фејсбук/никола мишковски/стефанија мишковски

To top