Од неодамна започна на ТВ Сител да се емитува турската серија „Суровиот град“, каде една од главните женски гулоги ја има познатата турска актерка Мине Тугај.
Претходно ја гледавме како Асуман во драмата „Парампарче“, а сега ја игра Шениз во новата серија „Суровиот град“.
Мине Тугај (39) по завршувањето на студиите по драма, ја почнува својата кариера во 1998 година.
View this post on Instagram
Оттогаш, па се до денес, Мине има одиграно околу 30-тина улоги во ТВ серии, играни филмови, но тука се и театарските улоги, реклами и фотосесии.
View this post on Instagram
Мине е една од најбараните актерки во Турција, па не случајно е избрана да игра важна улога во високобуџетни серии.
View this post on Instagram
Инаку, Мине во припадноста е сосема нормална и скромна дама која е доста активна на социјалните мрежи, а од приложеното на нејзиниот профил на Инстаграм може да се забележи дека таа не преферира многу шминка, туку го нагласува природното.