Се уште трае пандемијата со коронавирусот, а граѓаните повеќето време го поминуваат во своите домови.
Eстрадните уменици, музичари, пејачи подолг период се без работи затоа што се откажени нивните концерти, настапи.
Пред два месеци слободно се шетавме низ улиците, рестораните кафулињата, беа отворени козметичките салони, спа центри….
Тогаш јавните личности често се фалеа на социјалните мрежи како направиле некој козметички третман за нега на кожата или пак и направиле третман на косата, но изминатиот период разубавуваењето мораше да почека или барем одењето во салон.
Така, мажите пуштија коси и бради, жените останаа без фарбање, фенирање, без третмани на кожата, меникир, педикир….
Еден од оние кој го промени личниот опис во изолација е македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски.
Тој на својот „Инстаграм“ објави фотографија од пред и по корона.

На фотографијата по корона може да се забележи дека има потпорасната брада и коса. Тој на социјалните мрежи ги праша фановите кој изглед подобро му стои.

Инаку, Пецовски имавме прилика да го гледаме во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што беше под менторство на Јелена Карлеуша.

Тој на сцената секогаш имаше поразличен настап од другите, а со својата харизима успеа да ја освои публиката.