Денес, Милица Павловиќ важи за една од најзафатените пејачки. Просторите во кои таа настапува се полни како око, нејзините видеа имаат милиони прегледи, а таа само размислува како да биде уште подобра и поатрактивна за својата публика.
Парите што ги заработува, или барем најголемиот дел од нив ги вложува во нејзината кариера, но успеа да постигне и една од нејзините животни цели – да си купи свој стан во Белград. Но, кај убавата „секси сењорита“, животот не се одвивал отсекогаш така.
Иако Милица сакала да биде пејачка уште од најраната возраст, таа не ја заработила својата прва плата со микрофонот в рака, туку работејќи тешки физички работи. Најмногу во една печатница во Швајцарија, каде живее и нејзиниот татко. Атрактивната sвезда на „Гранд продукција“ наведува дека работата и била многу напорна, но дека издржала сè поради добрата плата. Од првите заработени пари, вели таа, реновирала дел од куќата на нејзините баба и дедо кои ја исчувале како девојче, кога нејзините родители се развеле.
„Првата работа ми беше единствената работа без да пеам. Работев во една печатница во Швајцарија. На почетокот ги извршував најтешките работи. Носев и редев кутии, лепев налепници, а подоцна работев и на лента. Од првата плата ја реновирав кујната, а подоцна од заштедените пари и целата куќа на моите баба и дедо“ – раскажува Милица и потенцира дека таа и денес би ја работела истата работа ако треба.
„Дури и денес, би ја работела таа работа затоа што е добро платена, а и јас ја извршував навистина добро, но веројатно немаше да останам во печатницата долго време, зашто навистина е тешко“ – рече пејачката.
И додека работела во Швајцарија, таа имала амбиција да стане она што е денес. Отишла на часови по пеење, аплицирала за натпреварот во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде постигна успех, а сега го живее својот ѕвезден сон.