Пред да се прослават, пејачките од локалната сцена работеле секакви работи на најнеобични работни места кои немаат никаква врска со музиката и естрадата и на тој начин заработувале за живот.
На пример, Гога Секулиќ работела на радио пред да почне да пее.
„Пред 25 години бев радио водител! Мојата емисија започнуваше во осум часот навечер и траеше до полноќ. Бев многу слушана!“ – открила Гога пред неколку години.
Јана, од друга страна, била професорка. Таа го посетувала основното музичко училиште „Стеван Мокранјац“ во Приштина, каде подоцна и предавала класична музика. Сепак, желбата за пеење била огромна, па таа ја напуштила работата на музички педагог и почнала да настапува и работи како пејачка. Првиот албум ќе го сними во 1998 година.
„Ѕвездата на Гранд“ Надица Адемов пред да ја достигне популарноста и да ја понесе естрадната слава, продавала на тезга на пазарче.
„Од утро до вечер, таа била на пазарот, кад на својата тезга продавала гаќи и чорапи“, открил извор близок до пејачката, кој додал: „Таа имаше своја тезга на која се продаваше сè, но најмногу панталони, чорапи, гаќи и некои кошули. Тезгата беше полна со стока. а таа секогаш имаше работа“ – тврди соговорникот за српските таблоиди.