Во својата долгогодишна кариера на македонското забавно музичко небо, поп-пејачката Каролина Гочева ја одржуваше праксата да не споделува многу од својот приватен живот, особено за она што и се случува на љубовно поле.
Но, кога ја дочека својата вистинска љубов, го стави свршеничкиот прстен, си вети вечна љубов со сликарот Михаил Корубин и направи голема свадба за која многу се зборуваше и пишуваше кај народот и во медиумите, Каролина има доста на што да се радува во животот.

По албумот „Македонско девојче2“, песните станаа хитови, а Каролина паузираше со музичката медиумска застапеност, уште едно нејзино превило кога е музиката во прашање- да се појавува во вистинско време, кога навистина има да соопшти нешто ново во својата кариера.


Деновиве се случи токму еден таков момент, а Каролина на социјалните мрежи им соопшти на обожавателите дека снима нешто ново, кое може да го очекуваат наскоро. Информацијата ја дополни со нова фотографија од која на прв поглед се забележува нејзината нова фризура, скратена и нијансирана во руса нијанса на врвовите.
На Инстаграм дел од нејзините верни следбеници, како да ја начнаа темата дека има нешто поинакво и во нејзиниот поглед, па некои од нив напиша:

„Пред да ти се сврти“, „Мајкица моја најубава на векот“, гласеа дел од коментарите на објавата.
А дали освен она новото на музички план, Каролина Гочева откри нешто повеќе и од својата приватност, ќе покажат месеците што следат… Нека е добра мисла!