Радио Милева

„Пред четири години“: Адријана Алачки сподели фотографија од ќерката и зетот, па се пофали…

„Пред четири години“: Адријана Алачки сподели фотографија од ќерката и зетот, па се пофали…

Македонската водителка и пејачка Адријана Алачки ужива во своите професионални ангамажни и во своите обврски. Но, изгледа дека најмногу е среќна  кога ужива во семејна атмосфера, заедно со нејзините најдраги и најмили.

Колку што времето и дозволува, мама, односно баба Андријана ужива со ќерката Грациела и со својата внука Јана. Токму слободното време им го посветува ним, па ја користи секоја прилика да биде во нивно друштво.

Алачки на својот Фејсбук профил се пофали дека токму „на тој ден“ пред четири години добила зет, па на ќерката и нејзиниот сопруг им посака љубовта да им трае вечно.

„Денот кога пред 4 години рекоа ДА. Ви посакувам драги мои деца да ви царува љубовта и да ви трае …муабетот. Да ви се нижат годините полни со среќа заедно со Јана и со уште многу како неа, напишала Алачки во описот на фотографијата од свадбата на ќерката и зетот.

фото:фејсбук

To top