Радио Милева

Пред 10 години Ана Стојановска беше најатрактивната Македонка во шоуто „Преживеан“, а и летово беше на остров каде го „распосла“ сексапилот во бикини (фото)

Пред 10 години Ана Стојановска беше најатрактивната Македонка во шоуто „Преживеан“, а и летово беше на остров каде го „распосла“ сексапилот во бикини (фото)

Во 2009 година, македонската актерка Ана Стојановска учествуваше во реалното шоу „Преживеан“.

Таа беше една од најиздржливите и најатрактивните учеснички на мистериозниот и опасен филипински остров Карамоан.

Авантуристичкиот дух и по 10 години не ја напишта убавата Ана, а летово се одлучи за одмор на остров, осносно на популарниот Миконос.

Ана на својот Инстаграм објави неколку фотографии од своето летно патување, а од приложеното може да се види дека Стојановска е љубител на журките, за што претпоставуваме ја избрала оваа атрактивна дестинација за млади.

Покрај фотографиите на кои се забавува, Ана објави и таква каде позира во бикини и плени со својата природна убавина.

Инаку, Ана наскоро ќе стане тетка, односно ќе го добие првото внуче од нејзината постара сестра Јана која се омажи летово.

За потсетување, јавноста ја памети Ана Стојановска како девојка на сега починатиот Влатко Илиевски.

To top