Ништо лично Ништо лично

Сексуален апартхејд: „Прц парада“ на нивната гордост, со наши пари, за наш срам!

Сексуален апартхејд: „Прц парада“ на нивната гордост, со наши пари, за наш срам!
Во годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти и манифестации во оваа 2018 година ќе одвои 327,250 денари за Коалицијата  „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници  СЗПМЗ“ за организирање на настан: „Викенд на гордоста Скопје 2018“ – пишува порталот Инфомакс.мк!

Како да сексуалните и здравствените права на „виножитните“ некој да им ги брани? Лош параван за „прц парада“, зашто кога сакаш да водиш љубов со некого, изборот е твој и само твој. Од  личноста, преку полот, расата, верата, нацијата… па се до локацијата! Море и Камасутра позите сам ги бираш, ако веќе  одиме во детали. За здравствените услуги на системот да не зборуваме. Државното здравство, каво е – такво е, ама исто е за сите. Таму фаворизација и маргинализација (и да) има, сигурно не е според сексуалната определба!

Така што оттаму чуди идејата дека некој за мои, твои, за наши пари треба да добива екстра права, кои ионака ги има колку и сите ние!? А системот наместо тие пари, колку се – толку се, да ги насочи за подобрување на условите на истото тоа здравство, ние треба да ги фрламе за некој да парадира гордо кочоперејќи се, за да на убеди дека сексуалните афинитети не му се „грешка на природата“!  А останатите кај им плаќаат за нивната „прц парада“ уште треба и да им аплаудираат на „храброста да ја покажат гордоста“… ако има што да покажат!

А кога една мала група… „маргиналци“, се обидува на мнозинството со сила да му наметне свои ставови, постапки, барања, убедувања… па уште и за наши пари,  тоа не личи на ништо друго, освен на еден вид сексуален апартхејд!

Ама на оваа власт не и прв пат истиот да го поддржува! Уште претходно,  минатата 2017 година, сега веќе бившиот министер за култура, сега актуелен национален советник за култура во владата на Заев,  Роберт Алаѓозоски, го отвори „Скопје прајд викенд“ наречен „Транс-формации“, кој се одржа од 22 – 25 јуни. Настан на кој свое обраќање имаше и Никола Шиндре, кој јавноста ја брануваше со својата колумна во која се релативизираше педофилијата, трансформирајќи ја од кривично дело во небаре „Божја волја“, а  за тоа беше уште и награден! Од наши пари, секако!

Тогаш медиумите пишуваа и како ЛГБТ центарот одликуваше промотор на педофилија, а на врачувањето на наградата на тоа Шиндре-то присуствуваше и  учествуваше и премиерот Зоран Заев! Уште само што не му се извинија дека колумната му била погрешно разбрана, како што подоцна тврдеше самиот тој како и неговите медиумски и владини поддржувачи!

За жал, оваа влада општествените трансформаци очигледно ги  сфатила само како „транс-формации“!

 

To top