Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам достоинствено старее. Неговите обожавателки беа почестени од разголени фотографии од Бекам акде е во егзотична авантура во Мајами со синот Круз.
Откако минатата недела венчавката на најстариот син Бруклин со Никола Пелц го окупираше целото внимание на семејството Бекам, Дејвид одлучил да помине време со Круз.
На фотографиите кои ги споделил Круз на својот Инстаграм профил, изгледале расположено додека околу нив пливале ајкули.
По тој повод поранешниот фудбалер ја открил својата импресивна колекција тетоважи, но и извајани мускули.
View this post on Instagram
Бидејќи носел црвен костим за капење, се пошегувал: „Мислам дека облеков шорцеви со погрешна боја“.
Круз споделил фотографии од оваа средба со ајкули на Инстаграм, а покрај фотографијата од киселата насмевка на Дејвид, напишал: „Нервозна насмевка“.
Таткото и синот поминале некое време заедно на сонце, пред да го прослават роденденот на Викторија Бекам.
Поранешната членка на групата „Spice Girls“ во неделата беше преплавена со убави пораки и желби по повод 48-от роденден.
Посебно внимание покрај многуте честитки привлече нејзината фотографија од детство од прославата на 9-от роденден.
View this post on Instagram
Поранешната членка на групата „Spice Girls“ во неделата беше преплавена со убави пораки и желби по повод 48-от роденден. Посебно внимание покрај многуте честитки привлече нејзината фотографија од детство од прославата на 9-от роденден.
фото:инстаграм/дејвид/круз бекам