Радио Милева на телесна „детоксикација“...

Празниците завршија, па Нина Јанева откако сфати дека „претера“, тргна да се „ресетира“: „Денес ја вадиме руската…“! (ФОТО)

Празниците завршија, па Нина Јанева откако сфати дека „претера“, тргна да се „ресетира“: „Денес ја вадиме руската…“! (ФОТО)

Нина Јанева важи за еден од најдобрите македонски женски поп вокали. Можеби според популарноста не е секогаш на врвот, но според вокалните способнисте, несомнено е една од најдобрите!

Арно ама како и секоја жена, русокосата пејачка битка води со килограмите. Неодамна се стави под режим по кој драстично ослабе, но брачниот живот, релизацијата како мајка, а на сето тоа и тукушто изминатите новогодишни и божиќни празници како и кај повеќето од нас, по се’ изгледа придонесоа одново вагата да покаже повеќе од што треба.

Како и не би, кога пред, за и по Нова Година се јаде и пие во изобилие, а дополнително заради коронапандемијата многу и не се шета, па „лежењето“ дополнително го стимулира таложењето на килограмите. Празничната трпеза е пак као создадена за да придонесе за ваквата состојба, зашто после руската, куфличките, ордеверите, свинското печење и по некоја чашка пиење… нема што да се каже друго освен – време е за слабеење!

Нина соочена со опишаната ситуација штом празниците помина, веднаш се фрли на „реанимација“ на сопствената фигура и нејзината телесна структура! И однадвор и одвнатре, она што било во изобилие внесено, ќе мора да биде изнесено… Колку што се може или треба, зависно од можностите, прагот на издржливост и вештите раце на оние што се задолжени за враќање на телото во нормала.

Прва работа за смалување килажа – лимфна дренажа. Така барем Нина почнала со својата пост празничка кура за слабеење.

„Празниците завршија, денес ја вадиме руската“ – напишала пејачката споделувајќи „скокотлива“ фотографија од моментот на третманот кој изгложеда отприлика вака.

Како ли изгледа кога кога „ќе се вади прасечкото“, останува допрва да видиме… Или подобро, откако ќе се случи комплетната „детоксикација“  по која пејачката можеби одново ќе не изненади со новиот изглед како неодамна, а зошто да не и со нова песна? Или можеби со уште една Арија?

Фото: Инстаграм принтскрин/nina_phoenixgram

 

 

To top