Македонската убавица и топ модел Александра Накова ужива да се релаксира во сауна или парна бања, но обожава и да ги усреќи нејзините следбеници со своите жешки фотографии и фотосеанси но и со одговори на нивните Инстаграм прашања.
Па така и овој пат атрактивната гевгеличанка додека се одмораше на нејзиното омилено место, го зема мобилниот в раце и во студениот месец декември реши да ги загрее со нејзината искреност.
Најпрвин следбениците беа заитересирани дали таа внимава на исхраната па, дирекно ја прашаа:
– Убавице, дали внимаваш на исхраната, доручек, ручек, вечера?
Сепак нејзината искреност ги изненади сите кога таа им одговори вака:
– Периодов предпразнично не внимавам баш на исхраната но, внесувам доста вода и детокс напитоци.
Секако после искреноста околу празниците следуваше и прашањето колку килограми е сега, па може да си дозволи и слобода околу калориите.
– Колку килограми си, презгодна си ?
– 53-54 килограми беше сегашниот одговор, но се надеваме ќе биде така задоволна и после овој период.
– Дали си во љубовна врска? – ја прашаа љубопитните на што таа искористи еден голем црвен знак.
X – беше децидна беше Накова, што по сите логики би требало да значи дека во моментов е соло… барем кога е во прашање сериозна врска.
Веројатно веднаш имаше заитересирани кандидати за спарување, па конекцијата преку хороскопскиот знак и подзнак беше следно за откривање.
– Знак и подзнак?
– Лав и лав – обелодени Накова за оние кои досега не знаеле.
За годината што изминува логично е прашањето која е нејзината неостварена желба , но таа реши да се пошегува.
– Неостварена желба?
– Подобрански скок со тебе – кажа таа, веројатно затоа што со се досега е исполнета и остварена.
Фото: Printskrin/Instagram/naleksandraofficial