Радио Милева во љубовен занес

Празнично уживање: Папараците ги уловија Бред Пит и новата девојка во топлес издание (фото)

Празнично уживање: Папараците ги уловија Бред Пит и новата девојка во топлес издание (фото)

Актерот Бред Пит и неговата нова девојка Новата Година ја дочекаа во Мексико, но и таа немаа раат од дежурните папараци.

Тие успеале да забележат како Бред Пит (59) и Инес де Рамон (32) уживаат во сонцето, во капењето и лежалките. Славниот актер бил гол до појас, а неговото мускулесто торзо иницирало коментари дека тој изгледа фантастично во шестата деценија од животот.

Такви коментари го следат во текот на цела кариера, покрај оцената дека е прекрасен и во својата работа. За Инес де Рамон исто таа се пишува во суперлатив, неврзано за овие фотографии, а иако првите информации за нивната врска делувале како шпекулации, очигледно е дека врската е вистинита.

Актерот минатиот месец го прославил и роденденот со својата нова девојка, а тогаш беше најавено дека тие заедно ќе ја дочекаат 2023 година.

„На Бред навистина му се допаѓа Инес. Се запознаа преку заеднички пријател. Таа е многу драга. Инес е слатка, забавна и енергична. Таа е прекрасна личност. Бред сака да го поминува времето со неа“, изјавил извор за магазинот „People“.

Да ве потсетиме, за врската на Бред и Инес се дозна минатиот месец кога заедно се појавиле на концерт на Боно во Њујорк. Тие изгледале многу блиски, како вистински пар, а луѓе блиски до актерот порачале дека оваа дизајнерка на накит станала важен член во „екипата на Бред“.

Според магазинот „People“, новиот холивудски пар заедно ќе ги помине новогодишните празници.
Кога Инес зачекорила во животот на Бред, Бред го сменил однесувањето, па по долго време јавно покажува емоции кон некоја жена. Таа важна промена е дополнителен показател дека нивната врска станала сериозна.

Додека уживаат во љубовта, актерот продолжува да ја води судската битка со поранешната сопруга Анџелина Џоли од која се разведе во 2019 година. Поранешниот пар никако не може да се договори за финансиите и старателството над децата.

фото:тањуг ап/mydnaglammagazine

To top