Лепа Брена и Боба Живојиновиќ донеле одлука да ја продадат својата вила на Вежаниска коса во која живеат од текот на 90тите.
Како што пренесува „Телеграф“, за својата вила тие бараат 2 милиони евра.
Имено, неодамна синот на Боба Живојиновиќ, Филип Живојиновиќ се пресели во куќа со својата сопруга Александра Пријовиќ.
Исто така и Стефан Живојиновиќ се исели од куќата и живее во стан, а наводно и најмалиот син на естрадниот пар, Виктор Живојиновиќ наскоро планира да живее сам.
Брена и Бобо се уште не се огласија дали навистина ја продаваат куќата, но наводно им кажале на своите пријатели да разгласат дека вилата се продава.
Наводно, Брена и Бобо моментално бараат нов дом, но не на Бежаниска коса, туку на Дедиње или Сењак.
„Брена одамна имаше желба да се пресели на Дедиње или Сењак, повеќе и се допаѓа тој дел од градот. Сега е идeaлна прилика да си ја исполни желбата. Новата куќа која ќе ја купат ќе биде помала, не повеќе од 300 квадрати“ вели извор за „Курир“.
За потсетување, Брена неодамна истакна дека куќата на Бежаниска коса и е многу голема.
„Ние јан купивме големата куќа за да бидеме со децата, но секој родител е среќен кога неговите деца ќе бидат самостојни. Но, јас еден ден многу добро се исплакав. Плачев кога Филип отиде на факултет, кога си замина од дома, исто така и за Стефан. Ова куќа е празна без нив“ изјави Брена.
Брена и Бобо се уште не се огласија за овие пишувања во медиумите.