Во медиумите се појави веста дека Александра Пријовиќ е бремена, а нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ја потврди ова вест. Меѓутоа, таткото на Филип, Боба Живојиновиќ од медиумите дознал дека ќе стане дедо.
Боба заедно со Лепа Брена се одмара во Будва, а како што пренесува „Српски телеграф“, Брена жестоко се скрала со Боба, си ги собрала работите и ја напуштила јахтата. Таа со пријателките го напуштила луксузниот брод и со такси заминала во хотелот.
„Брена полуде кога пристигна во Будва и го виде Боба како пие вино со пријателите. Одма му кажа да намали со алкохолот и дека нема да толелира такво однесување. Утредента Боба продолжи да пие вино, а Брена го остави во еден ресторан, па се врати со пријателките на јахтата да се одмори, вели добро известен извор и додава:
„Вистинска војна се случи кога Брена се раздели од пријателите, а Боба продолжи да пие, Брена му кажа да прави што сака и дека ќе оди во хотелот да спие“, изјави изворот.
Како што пренесуваат српските медиуми, Боба не се изнервирал поради заканите на Брена, па вечерта продолжил на забава во дискотека каде што пеел Ацо Пејовиќ. Од друга страна, следната вечер не се појавил на Брениниот настап во позната дискотека.
Иако е познато дека на нејзините настапи Брена често го поздравува Боба и му се заблагодарува на поддршката, овој пат не го поздрави.
Ни Брена ни Бобо не ги коментираа овие информации.