Радио Милева сагата продолжува

Пратија јавна порака до сите што ги исмејуваат: Меган и Хари шокирани од тоа што мислат за нив

Пратија јавна порака до сите што ги исмејуваат: Меган и Хари шокирани од тоа што мислат за нив

Ако добро сте се изнасмеале на војводата и војвотката од Сасекс во последните денови, тие имаат нешто важно да ви кажат.
Принцот Хари и Меган Маркл дефинитивно знаат да кренат прашина во јавноста, од која наводно побегнале во Америка во 2020 година, а последните денови повторно се во центарот на вниманието.

Откако парот објави дека папараците два часа ги бркале низ Њујорк, во бркотница со „речиси катастрофални последици“, полицијата, папараците и градоначалникот се огласија и секој на свој начин фрли сомнеж во веродостојноста на нивните тврдења.

Војводата и војвотката од Сасекс потоа побарале фото агенцијата чии папараци ги следеле да ги предаде фотографиите, што било одбиено со презир.

Како што сега тврдат извори блиски до парот, принцот Хари и Меган Маркл се запрепастени бидејќи луѓето не им веруваат дека се било како што тврдат.
– Тие инсистираат на тоа дека не ја преувеличиле потерата, а луѓето да кажат поинаку е болно и неприфатливо – изјави анонимен извор за Us Weekly.

Корисниците на социјалните мрежи веќе со денови го исмејуваат парот, а многумина се пошегуваа дека сигурно имало потера и дека папараците всушност бегаат од Меган Маркл, но Сасексите одбиваат да ги замолчат со тоа. Затоа имаат јасна порака до сите што мислат дека потсмевот ќе ги втурне во медиумското подземје.

– Што се однесува до сугестијата дека се кријат и се плашат да го покажат своето лице, тоа нема да се случи – вели изворот.

– Ова само ја зацврсти нивната одлука да продолжат да се залагаат за себе и отворено да зборуваат кога ќе им се нанесе штета – истакнува блиска личност на парот.

Да потсетиме, пред неколку вечери принцот Хари и Меган Маркл присуствуваа на доделувањето на наградите „Жени со визија“ во Њујорк, а следниот ден излегоа со соопштение дека тие и мајката на Меган, Дорија Рагланд, биле бркани од папараците за да се можеше да заврши трагично.
– Синоќа, војводата и војвотката од Сасекс и г-ѓа Дорија Рагланд беа вклучени во речиси катастрофална бркотница со автомобил, предводена од круг на многу агресивни папараци – објави ПР на парот.

– Оваа безмилосна потера, која траеше повеќе од два часа, за малку ќе резултираше со повеќекратни судири, во кои учествуваа други возачи на патот, пешаци и двајца њујоршки полицајци – се наведува понатаму во соопштението.

Веднаш потоа се огласи градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, кој инцидентот го оцени како „непромислен и неодговорен“, но истакна дека не е убеден дека се е така, а таксистот кој ги возел Сасексите посочил дека во ниту еден момент „не се почувствувал како да е во опасност“.

фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA/AP

To top