Почина македонскиот композитор, диригент и аранжер, маестро Александар Џамбазов.
Веста за заминувањето на маестро Џамбазов ја соопшти неговиот син, Игор Џамбазов.
Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.
Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.
Познатите преку социјалните мрежи се простуваат од маестро Џамбазов.
Калиопи
-Чичко Ацо мој…
Маестро,
Бескрајно му благодарам на животот што те имав како свој музички татко… Патувај мирно кон бесконечноста…Те сака твоја Опи, напиша Калиопи покрај објавата од фотографијата од Александар.
Каролина
Пејачката објави фотографија со маестро Џамбазов, а во описот напиша:
-Што муабет си направивме овде….Почивај во мир наш маестро, кроток и добар чичко Ацо.
Илина Арсовз
-Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри, а Маестро секогаш спремен со неисцрпна колекција на анегдоти и вицови. Вечна ти слава, еден и единствен, напиша Илина покрај фотографијата на која е заедно со Игор и Александар Џамбазов.
Тамара Тодевска
Весна Бејби Петрушевска
-единствениот маестро за мене во мојот живот,кроток,мил, зборлест,духовит,вечно вљубен во својата Анче,постојано загрижен за своите Тања и Игор…што седења сме си имале пред Војна болница кога Игор имаше проблеми со здравјето,колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа шро бев многу љубопитна.Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал…те сакам мој мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!! @igordzambazov@tatjanadzambazova моето најдлабоко сочуство, чичко Ацо баци ми ја Анче, напиша македонската актерка.
Пере од Нокаут
Ќе останеш моја вечна инспирација и како родител и како композитор.
Твојот посвоен син…Слава ти
Вечна слава маестро Џамбазов.
фото: принтскрин/инстаграм