Рада Манојловиќ неодамна доживеа голема непријатност кога на аеродром во Швајцарија полицијата не ја пушти да влезе во државата и да го одржи својот настап.
Рада истакна дека таа ги имала сите потребни документи за да влезе во Швајцарија.
Српската пејачка Нада Топчагиќ се потсети на оваа случка на Рада, па откри дека таа овие проблеми ги решавала на таен начин.
„Слушнав што се случи на Рада во Швајцарија. Јас тоа го решавав на тој начин што јас и Индира Радиќ заминувавме по некој таен пат, таму каде што одат мигрантите“ вели Нада Топчагиќ.
„Се криевме со менаџерот и заедно поминуваме трња, кал, шума…Во тоа време, далечната 1998 година се поминуваше илегално, така да мене ми е позната швајцарската граница“ вели пејачката.
Таа открива дека не е единствена пејачка која поминувала на овој начин во Швајцарија.
„Имаше и други пејачи кои се сноаѓаа на овој начин, но ние две бевме најпознати и најлуди во нашите тајни патишта. Сега ми е смешно кога ги гледам мигрантите како се мачат да стигнат до одредена земја, веднаш ќе ми текне на нас“ вели Нада.
„Ма Швајцарците отсекогаш беа посебни и имаа некои забелешки. Затоа често чекав да се смени смената, а ако тогаш не поминав, тогаш одев по тајни канали. Мојот сопруг Златко се лути зошто за ова зборувам јавно, мисли дека некој ќе ме уапси, не можам да му објаснам дека тоа беше одамна и дека тогаш луѓето можеа да ме уапсат и да ме затворат“ вели пејачката.