Енди Коен, 51 годишниот водител на „Watch What Happens Live“ објави дека по тестирањето е позитивен на коронавирус.
Коен моментно е во изолација и им се придружува на апелите на sвездите до жителите на планетата. сериозно да ја сфатат сегашната состојба и строго да ги применат сите мерки што ги препорачуваат властите.
– После неколку дена самоизолација се чувствував болен, бев тестиран и сум позитивен на вирусот корона. Колку што се чувствувам добро и можам да го истуркам сето ова од дома, ќе ја одложам целата моја работа за сега да се фокусирам на лечење. Сакам да им се заблагодарам на медицинските професионалци кои работат неуморно за сите нас и ги повикувам сите да останат дома и да се грижат за себе – напиша американскиот презентер на Инстаграм, а следуваа пораки за поддршка од оние што го следат.