Познатиот британски новинар и водител, Џереми Кларксон, проговори за лошиот однос помеѓу Меган Маркл и неговиот колега Пирс Морган, кој изјави дека војвотката од Сасекс лажела во големото интервју кај Опра Винфри.
Во колумна за „The Sun“ го коментирал овој случај и напишал дека поранешната актерка е омилена помеѓу „младите и глупавите кои веруваат дека нејзиниот бренд на глупаво изигрување на жртва еден ден ќе доведе до пропаст на монархијата.
Кларксон заклучува дека и за тоа нема шанси бидејќи кралското семејство доживеало и полоши работи како што се афери, абдикации…
„Верувајте ми Меган Маркл е готова и за пет години ќе позира пред Таџ Махал или на јахта за плејбој на Медитеранот, а кутриот Парис ќе сфати дека ја загубил работата без причина“.
Потсетуваме, по интервјуто на Меган и Хари кај Опра Винфри, Морган во емисијата „Добро утро Британија“ истакна дека верува дека Меган лажела дека размислувала за самоубиство.
Откако ко- водителот го критикуваше поради овие изјави, Морген бесен го напушти студиото, а потоас си даде отказ.
Кларксон и Морган не отсекогаш се во добри односи, а работите ескалираа кога Кларксон под дејство на алкохол го нападна Морган на доделувањето Бритиш Награди во 2004 година.