Радио Милева посреќни од било кога

Познатиот водител Огњен Амиџиќ и неговата девојка Мина Наумовиќ ќе станат родители (фото)

Познатиот водител Огњен Амиџиќ и неговата девојка Мина Наумовиќ ќе станат родители (фото)

Водителот Огњен и неговата девојка Мина ја дознале радосната вест пред еден месец, како што пишува Блиц,рс а пренесува Курир.рс

Но, тогаш оваа информација тие ја споделуваа само со своите најблиски роднини, а сега стигна и до медиумите.

Малку подоцна Телеграф.рс објави дека убавата новинарка е бремена во третиот месец, а родителите сѐ уште не планирале да ја откријат веста. Според тоа, се очекува бебето да пристигне следната година. Тоа ќе биде второ дете на Огњен, а на Мина прво дете.

– Огњен и Мина се пресреќни откако ја дознаа добрата вест, а информацијата дека ќе добијат бебе ја комплетираше нивната врска – изјави извор близок на Огњен и Мина.

– Нивната врска беше силна и сериозна од првиот ден, па оваа информација беше очекувана. Огњен буквално едвај чека да добие уште едно дете, а Мина со нетрпение чека да стане мајка – вели истиот извор. Недолго потоа се огласи и самиот Огњен кој ја потврди оваа вест.

– Точно е дека јас и Мина ќе станеме родители! Не планиравме сега веста да стигне до јавноста, но кога ќе дојде, нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од било кога и едвај чекаме да дојде нашето бебе! Ќе има можност да разговараме за се во наредниот период, ви благодариме на разбирањето – изјави Огњен за Пинк.

Огњен неодамна одговараше на прашања на својот Инстаграм профил и призна дека би сакал уште едно дете.

– Дали би сакале да имате девојче, ќерка? – беше едно прашање.

– Искрено, навистина, навистина би го сакал тоа, мислам дека тоа е нешто што навистина ми недостасува. Ќе ме израдува потполно, ќе ми донесе нова димензија во се – откри Огњен во својата инстаграм приказна.

Огњен и 17 години помладата Мина се запознале и се заљубиле на работа, а нивната врска стана позната извесно време откако познатиот водител откри дека се разведува од Данијела Димитровска со која долго време беше во брак.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Антонио Ахел

 

To top