Радио Милева куршум наместо прослава

Познатиот српски пејач матурата ја слави како втор роденден: Реља Поповиќ тоа попладне едвај преживеал, откако му пукале во стомак (ФОТО)

Познатиот српски пејач матурата ја слави како втор роденден: Реља Поповиќ тоа попладне едвај преживеал, откако му пукале во стомак (ФОТО)

Раперот Реља Поповиќ го слави својот „втор роденден“ на датумот кога славел матура.

Пред речиси 15 години му се случи настан кој целосно му го променил животот. Реља добил куршум во стомакот на денот на матурската прослава и едвај останал жив. Дури десет дена поминал во шок соба додека лекарите се бореле за неговиот живот.
Инаку, пукањето се случило поради расправија за девојка, а Реља не ни сонувал дека ќе биде позната личност на естрадата. За тој инцидент пишуваа своевремено и медиумите.

Реља Поповиќ, матурант во угостителско-туристичката школа, бил застрелан со пиштол во стомакот околу 17:00 часот на аголот од улиците Југ Богданова и Поп Лукина, во Савски венец. Младиот човек со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар каде бил опериран, а лекарите констатирале дека се здобил со тешка, по живот опасна повреда. На престрелката, како што неофицијално се дознало на местото на пукањето и претходела расправија за девојка, во блиското бифе, меѓу ученици кои славеле матура и маж, пишуваа тогаш медиумите.

Тој бил опериран во Ургентниот центар, каде лекарите, борејќи се за неговиот живот, му ги извадиле бубрегот и слезината. Човекот кој пукал во него полицијата веднаш го привела за обид за убиство.

 

„На 22 мај 2008 година бев во кафуле со уште еден пријател и две пријателки. На масата до нас седеше маж на околу четириесет години. Беше видно пијан. Цело време упатуваше навреди кон моите пријатели, барајќи од нив да му танцуваат на масата, на што јас реагирав. Во вербална расправија во која застанав во одбрана на моите пријатели, келнерката ни рече да излеземе од локалот бидејќи мораше да затвори. Излеговме надвор и во тој момент тој  извлече пиштол и ми го стави на глава. Не знам ни како успеав да му го спуштам оружјето и се сеќавам само на истрелот по што почувствував страшната болка во пределот на стомакот.Паднав на земја и изгубив свест.Се разбудив во ургентниот центар“ – раскажал Реља.

 

 

Поради тешка повреда на стомакот, Реља поминал еден месец во болница.

„Десет дена бев во шок соба со дваесет и четиричасовен надзор од медицинскиот персонал. Мораа да ме оперираат бидејќи куршумот ми ги повреди виталните органи. Му должам голема благодарност на професорот Ѓукиќ, кој ме оперираше и цело време го водеше мојот случај. И денес не знам како би му се оддолжил за се што направи за мене.

Напаѓачот е уапсен неколку часа подоцна, недалеку од местото на несреќата. Тој подоцна беше осуден на шест и пол години затвор.

Фото: Инстаграм принтскрин/reljarelja

To top