Македонската дива Калиопи Букле изминатиот период имаше успешна турнеја во регионот. Имено, по неколкуте концерти во Босна и Херцеговина, пејачката продоложи со концерти во соседна Србија.
Нејзините фанови и љубители на нејзината музика имаа прилика да ги слушат безвременските хитови на македонската дива.
Оние кои беа присутни во салата, уживаа во вокалните способности на Калиопи која секогаш знае да направи вистинска атмосфера и да ја пренесе својата позитивна енергија.
Изминатиот викенд, Калиопи имаше успешен концерт во „Комбанк арена“ во Белград каде пред полната сала ги пееше хитовите и направи концерт за паметење, а оние кои биле таму сигурно си заминале со насмевка на лицето.
Освен публиката, на концертот на Калиопи имаше и личности од јавниот свет, а меѓу нив Жељко Самарџиќ и српскиот актер Милан Калиниќ.
Жељко на својот „Инстаграм“ објави фотографија со македонската дива и јавно и поласка истакнувајќи дека му е драго што ја има за пријателка.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ovoj-pejach-se-pojavi-na-koncertot-na-kaliopi-vo-belgrad-pa-javno-i-polaska-mnogu-sum-gord-shto-te-imam-za-prijatelka/
На концертот беше и српскиот актер Милан Калиниќ, а кога Опи го виде во првиот ред на публиката веднаш се симна во публика и заедно танцуваа.
Како се забавуваа Милан и Калиопи може да погледнете тука.
Инаку, Калиопи за некој ден продолжува со турнејата во Србија, па нејзините фанови ќе може да ја слушнат во Краљево, Лазаревац и Панчево.