Радио Милева

Познатиот српски актер се исповеда: „Сопругата беше бремена со тројка, но одеднаш останавме без ниедно“

Познатиот српски актер се исповеда: „Сопругата беше бремена со тројка, но одеднаш останавме без ниедно“

Актерот Драган Маринковиќ – Маца проговори за најболните моменти од својот живот. Во разговор за емисијата „Балкан инфо“, актерот отворено зборуваше за војната, семејството, Бог, нацијата, но и тешките моменти низ кои минувал со сопругата кога нејзината бременост ненадејно била прекината.

-И се восхитувам на Јована. Убаво е кога имаш партнер во кој си сигурен. Многу ја ценам, вели Маца, а потоа додава:

-Изминатата пролет 2018 година, Јована беше бремена. Носеше тројка. Беше се во ред… И во јули ги изгуби сите три бебиња – искрено раскажа актерот, а пота призна колку било тешко тоа за нив и на кој начин се избориле со тагата.

фото:инсатграм/драганмаца

-Тешко го поднесе тоа, бидејќи и беше прва бременост. Тогаш побегнавме од луѓето на неколку месеци. Издржавме. Секоја чест за неа. Мене тоа ме погоди, а можам да замислам како и е нејзе, со тага раскажува познатиот актер.

To top