Радио Милева невидена трагедија

Познатиот пејач настрада завршувајќи во ужасна смрт само две недели по неговата свадба

Познатиот пејач настрада завршувајќи во ужасна смрт само две недели по неговата свадба

Кевин Наскименто Буено (23), познат како МЦ Кевин, почина во трагичен инцидент во хотел во близина на плажата во Рио де Жанеиро на 16 мај годинава.

Бразилскиот пејач починал откако несреќно паднал од петтиот кат во хотелска соба, само две недели откако се ожени со својата долгогодишна девојка.

Медиумите јавуваат дека брзата помош и пожарникарите веднаш се појавиле на самото место, како и дека Кевин бил пренесен во болница во критична состојба, каде починал.

 

Трагедијата се случила две недели по венчавката на пејачот со Деолен Безера, долгогодишна девојка, која била присутна на неговиот последен концерт, што го одржал во саботата.

фото: Инстаграм принтскрин/mckevin

To top