Како што пренесуваат српските медиумиНедељко Бајиќ Баја уште претходната година се развел од сопругата Ивана, а досега успешно криел од медиумите.
Баја ретко зборува за својот приватен живот во јавност иако на сцената е присутен уште во 1992 година.
„Баја многу ретко зборува за својот приватен живот и со пријателите, така и малкумина знаа за неговата врска со Ивана се додека не се венчаа, така беше сега и кога се разведоа. Пред неколку дена дознав дека не се заедно уште од претходната година. Не знам како успеа толку време да крие.Мене ми изгледаше дека неговиот брак со Ивана функционира одлично, но изгледа не е така. Имаат две деца, тие ќе живеат со мајката, но Баја ќе може да ги гледа кога и да посака“ вели извор близок на Баја.
Пејачот не бил достапен за коментар.