Благодарение на неговиот славен татко, познатиот латински заводник и пејач Хулио Иглесијас, на чијшто шарм не можеа да му одолеат жените ширум светот, но и убавината што ја наследи од неговата Филипинска мајка Изабел Пријслер, само небото беше граница за Енрике Иглесијас.
Сепак, не е тајна дека односот меѓу таткото и синот никогаш не бил одличен, додека Енрике одамна се откажа од семејното наследство кое се проценува на неверојатни 800 милиони долари.
Познатиот пејач е еден од осумте наследници на неговиот татко, па би наследил околу 100 милиони, но Енрике никогаш не сакал да слушне за неговите пари.
Енрике израснал покрај својот брат и сестра, додека неговата мајка се грижела сама за нив бидејќи неговиот татко поминувал добар дел од своето време на турнеја. Хулио никогаш немал време да се грижи за своите деца кои биле поблиску до нивните дадилки отколку до него.
Уште како дете, Енрике покажал интерес за музика, пишувал свои текстови, а на 15 години сакал да го издаде својот прв албум. Сепак, неговиот татко не се согласил со неговата желба да се занимава со музика.
И покрај тоа, познатиот пејач го пронајде патот до успехот, а неговиот прв албум стана многу популарен, продаден во дури половина милион примероци за рекордно време.
За Енрике отсуството на поддршка од татко му било мотив да ги сруши сите рекорди на слушаност и да стане голема ѕвезда која има големо богатство. Во меѓувреме, нивната врска се влошуваше.
“Нивната врска никогаш не била најдобра, не се слушнале со години, ниту по телефон. Енрике чувствува дека кариерата ја создал без помошта на татко му”, рекол извор близок на пејачот.
View this post on Instagram
Интересно е и тоа што Хулио живеел многу опуштен живот, ја изневерувал сопругата и менувал љубовници, додека се верува дека спиел со повеќе од 3000 жени. Од друга страна, Енрике води сосема мирен начин на живот, уживајќи во бракот со тенисерката Ана Кутњикова, со која има три деца.
Нивниот тотално поинаков поглед на светот предизвика уште поголем раздор меѓу нив, додека Енрике еднаш истакна дека не сака ништо да има со својот татко – затоа што тој не е моделот или човекот што му треба во животот.
Фото: Принтскрин/Профимедиа