Старлетата Тамара Ѓуриќ се најде во центарот на скандал кога арогантно се паркирала на место резервирано за инвалиди во „Белград на вода“.
Откако дошол „пајакот“, таа се препаркира, но, повторно се паркираше на пешачки премин на тротоарот. Таа се правдаше со зборовите дека „застанала само на 10 минути“…
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-gjurikj-nepropisno-go-parkirala-svojot-ferari-a-parking-sluzbata-imala-gletka-za-site-pari-da-ne-znaesh-vo-shto-poprvo-da-gledash-vo-crvenata-raketa-ili-ciclestata-starleta-video/
Откако била казнета, видеото со нејзиното нелегално паркирање го гледаше и коментираше познатиот и угледен белградски адвокат Тома Фила во утринската програма на една српска ТВ. После приказот на снимката, водителот го прашал Фила како би ја бранел Тамара, а адвокатот посочил дека за ова нема одбрана.
„Ова е безобразлук. Нашиот народ не попусто рекол дека ‘ќотекот излегол од рајот’… Не знам како поинаку да го коментирам ова“ – рекол Фила на ТВ Прва.
Набргу по неговата изјава, Тамара се јавила со објава на својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека углледниот адвокат пропагира насилство врз жените и дека сето ова го доживува како „повик за линч“.
„Ќе реагира ли некој на фактот дека Тома Фила пропагира насилство врз жените на телевизија со национална фреквенција? Јас ова го гледам ова како повик за линч”, напишала налутената старлета, додавајќи: „Дали вака треба да говори еден ‘угледен адвокат’? Примитивно и срамно“ – напишала старлетата!
Фото: Инстаграм принтскрин/tamarastar89