Познатата американска пејачка чие вистинско име е Алиша Бет Мур Харт, попозната како Пинк, објави фотографии од семејниот викенд одмор и ги воодушеви своите обожаватели кои постојано и даваат комплименти за нејзиниот изглед.
Пејачката објави две фотографии – на првата се сонча додека носи оскуден, полупроѕирен горен дел од бикини со детали од банана…
Додека на втората позира целосно гола под тушот покрај камп приколката каде и ја покажа својата завидна фигура за годините што ги има.
Коментарите на фановите преполни со комплименти за изгледот на 43-годишниот пејачка, чија фигура се должи на спортот.
Имено, Пинк долги години се занимава со спорт и сака сурфање, а на нејзиниот Инстаграм профил можеме да видиме дека често игра тенис и вежба.
Таа е позната по тоа што никогаш не била несигурна кога е во прашање нејзиниот изглед кој е целосно природен и никогаш не била подложена на козметичко-естетски зафати. Таа е задоволна од својот лик и тело и континуирано работи на себе, свесна за се што носат годините, зашто јасно и е дека со годините ќе се менува.
Фото: Инстаграм принтскрин/pink