Радио Милева презаситена...

Познатата српска ТВ водителка, ја напушти професијата: „Имам долг за кредит, а сепак дадов отказ“ (ФОТО)

Познатата српска ТВ водителка, ја напушти професијата: „Имам долг за кредит, а сепак дадов отказ“ (ФОТО)

Една од најпознатите српски ТВ водителки сите ги шокираше кога објави дека се повлекува од професијата. Јелена Бачиќ – Алимпиќ реши да ја напуш работата на телевизија, и му се посвети целосно на пишувањето, што се покажало, како што вели,  како добар избор. Таа објасни дека чувствувала премногу притисок и дека едноставно морала да се повлече, бидејќи нејзиното здравје веќе започнало да се нарушува.

„Ме имаше премногу во медиумите и не можев повеќе да останам во тој свет. Знаев што ме чека! Чувствував голем притисок, атак врз моето здравје, па моја најголема победа беше кога решив да го напуштам водителствотот и да си заминам од телевизијата иако имав долгови за кредит и да останам само во книжевни води“ – вели дамата која денес е најчитаниот жив српски писател.

Првично била нервозна зашто различни луѓе ја оспорувале нејзината книжевна вредност и тоа претежно малициозни и површни типови,  па се плашела да ја објави својата прва книга.

Но Исидора Бјелица ја запознала со сопственикот на издавачката куќа на кој му рекла дека мора да го прочита ракописот на Јелена,  затоа што е одличен.

Јелена сега е целосно посветена на книжевноста и приватно на своите пријатели. Сè повеќе ја исполнува тивкиот живот во Нови Сад, каде убаво живее од пишување што понекогаш е многу тешко и сонува нејзините деца да ги исполнат своите соништа, а таа да дочека внуци.

To top