Радио Милева „се родив повторно“

Познатата спортска новинарка Дилета Леота за роденден го доби најубавиот подарок – стана мајка! (фото)

Познатата спортска новинарка Дилета Леота за роденден го доби најубавиот подарок – стана мајка! (фото)

Најпознатата спортска новинарка Дилета Леота на Инстаграм објави дека родила девојче.

Таа сподели фотографии со нејзината ќерка и партнерот Лорис Кариус. Кариус ја изненади со торта.

„Денес се преродив преку тебе. Добредојде Арија. Ти си најдобриот подарок што можевме да го побараме“, напиша новопечената мајка.

За потсетување, Дилета откри дека е бремена на крајот на март. „Мораме да кажеме нешто… Но, дали сите веќе го знаевте тоа? Наскоро ќе бидеме тројца“, напишала тогаш заедно со видеото на кое таа и нејзиното момче се гушкаат и плачат од среќа.

Леота ја потврди врската со Лорис со фотографии од новогодишната ноќ. Двојката позираше гушната пред златни и бели балони, а голманот ѝ подари на Дилета бакнеж во образот. Новинарката претходно беше во врска со турскиот актер Џан Јаман.

фото:Инстаграм принтскрин

To top