Радио Милева многу нормален брак

Познатата пејачка откри каков е бракот на Сузана и Саша Поповиќ!

Познатата пејачка откри каков е бракот на Сузана и Саша Поповиќ!

Сузана и Саша Поповиќ се во брак повеќе од две децении, а за сето тоа време се слушаат само убави зборови за нив и нивниот брак. А како навистина живеат, открива нивната долгогодишна пријателка, Гоца Божиновска.

„Повеќе не се дружам со Саша и Сузана како порано и многу ми е жал поради тоа. Порано кога имавме мали деца, ги земавме, ние седевме, а тие играа. Но и  сега  кога ќе се видиме убаво и  долго разговараме. Тоа беа убави времиња, а ние бевме млади, сега децата се големи, па затоа и поголеми проблеми, дојдоа внуците, нема повеќе време како порано“ – вели Гоца и открива каков е всушност бракот на Сузана и Саша.

„Саша Поповиќ е најдобриот човек  што некогаш се родил. Тој воопшто не е сменет. Нему сум му  должна до крајот на мојот живот. Ме третираше како брат кога бев психички растроена и сакав да се убијам. Ми помогна околу првата песна, првиот албум, сликањето… Го сакам од сѐ срце и душа“ – рекла Гоца и продолжила:

„Што се однесува до нивниот брак… Сузана е добра жена, добра мајка, добра домаќинка, не е напорна жена. Само со таква жена тој може да остане, не покрај некоја љубоморна и посесивна… Со таква не би можел да живее. Сузана никогаш не се однесувала надмено затоа што му е сопруга на Саша. Секогаш е средена, нормално се однесува, таа е вистинска домаќинка. Сале  не е луд, знаел тој кога бирал што да избере “- тврди Божиновска.

 

Фото:Принтскрин/ Инстаграм/goca_bozinovska_official/ З.К.Мунја/

To top