Радио Милева

Познатата пејачка не ја крие среќата: На 44 години го доби првото дете преку вештачко оплодување од донор на сперма

Познатата пејачка не ја крие среќата: На 44 години го доби првото дете преку вештачко оплодување од  донор на сперма

Светски познатата пејачка Натали Имбруглија, која популарноста ја стекна со хитот „Torn“, на својот Инстаграм профил објави дека добила син.

-Добредојде Макс Валентин Имбруглија, напиша Натали за фотографијата на која синот ја држи за прст.

Имено, Натали во јули годинава објави дека е бремена, при што откри дека забременила преку вештачко оплодување.

Таа има 44 години и ова е најзиното прво дете.

фото:инстаграм

-Не голтнав лубеница. Го чекам првото дете кое ќе дојде на есен. Сите кои ме знаете, познато ви е дека тоа беше мојата голема желба и среќна сум што добив можност да забременат со помош на вештачко оплодување и донор на сперма. Ништо повеќе околу таа тема нема да кажам јавно, напиша тогаш пејачката.

To top