Четириесет и петгодишната канадско-американска пејачка Аланис Морисет го роди своето трето дете, а таа и нејзиниот сопруг му дадоа на момчето необично име.
Пејачката ја објави веста за пристигнувањето на најновиот член на семејството на својот Инстаграм профил, пренесува „Вариети“. Славната пејачка и нејзиниот сопруг му дадоа на својот нов наследник необично име – Винтер Мерси Морисет- Тредвеј.
Аланис и шестгоди помладиот рапер Марио Солеј Традвај веќеги имаат осумгодишниот син Евер Имре и двегодишна ќерка Оникс Солас.
Таа ја откри веста за нејзината трета бременост во март оваа година кога се пофали со трудничкиот стомак на Инстаграм.
Аланис секогаш зборуваше отворено за мајчинството. Едно време, не криеше дека го дои нејзиниот син откако наполнил три години.
Таа исто така безрезервно зборуваше за тешката постпородилна депресија низ која помина по раѓањето на нејзините две деца.