Последнаата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ беше одбележена со многу интересни моменти и многу кавги. Најчесто на мета беа кавгите меѓу Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ.
Српските медиуми пишуваат дека од следната сезона Вики повеќе нема да биде дел од жирито на музичкото шоу, а дека ќе ја замени нејзината колешка Дара Бубамара.
Дали ова е точно, останува да видиме до септември.
Инаку, пред неколку дена медиумите пишуваа дека во финалната вечер на Ѕвездите на Гранд имало голема кавга меѓу Аца Лукас и Карлеуша, па таа му поставила ултиматум на Поповиќ дека нема да седи во исто жири во кое ќе биде Лукас, па ќе мора да бира меѓу неа и Аца.
фото:Принтскрин